Шабан Зендели од БЕСА: Платформата е црвена линија

Албанските партии потписници на платформата повторуваат дека веќе нема да чекаат македонските партии да им предлагаат идеи за албанскиот јазик, што всушност и се потврди откако доцна синоќа ДУИ достави предлог до СДСМ.

Шабан Зендели од Движењето БЕСА вели дека не требало некој друг да им пдоготвел Закон за употреба на јазиците, туку тие како албански партии требало самите да го направат тоа.

-Да им подготвиме драфт и да им понудиме, ова се нашите барања конформ Декларацијата. Платформата не е документ за владеење. Во платформата има неколку точки и не е документ за заедничко владеење. Тоа се црвени линии од кои не треба да отстапиме, вели Зендели.

Иако нема конкретни информации што има во предлогот на ДУИ и дали БЕСА дала согласност, според кажаното од Зендели, станува збор за целосно официјализирање и изедначување на албанскиот јазик со македонскиот. Впрочем, и лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села најавуваше дека доколку е неопходно менување на Уставот, треба да се бараат гаранции и за тоа.

-Се знае дека има преговори, но од друга страна од кога сме излегле на политичката сцена сме зборувале со овој јазик. За нашите прашања, за нашиот јазик нема да чекаме да ни испрати предлог Заев или Груевски. Но предлогот ќе го направиме самите и ќе ги уцениме тие да го поддржат, истакна Села.

Понудата и најавата на Зоран Заев и СДСМ дека ќе го менуваат уставот, ќе го укинат рамковниот договор и ќе обезбедат двојазичност во цела Македонија и кантонизација преку поголеми овластувања на општините и нивно етничко здружување, алабнските партии во Македонија го препознаа како шанса за реализација на својот национализам и укинување на унитарноста и македонскиот карактер на македонската држава, која сега сакаат да ја искористат.

-Ние ги понудивме нашите потписи, тоа не значи Влада по секоја цена. Потоа треба да влеземе и да го предадеме Законот. Прво да се гласа Законот за албански јазик и треба да оди албанскиот јазик, а потоа назад можеме да дискутираме и за други прашања, додава Села, во гостувањето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.