Сабела со пораз се прости од селекторската функција

И покрај несреќниот пораз во финалниот натпревар, селекторот на Аргентина, Алехандро Сабела, изјави дека е горд на пласманот во финалниот натпревар, дека овој тим има созреано, но и дека не е награден со светската титула.

„Многу сум тажен, верував дека можеме да се закитиме со пехарот, кој беше толку близу, но сепак толку далеку. Без оглед на се, би сакал да потенцирам дека сум неизмерно горд на моите момци, на начинот на кој играа на овој мундијал и донесоа моменти за радост на целата нација. Во овие последни години направивме огромен чекор напред, созреавме како тим и вистинска штета е што наградата за тоа не беше титулата светски првак”, изјави Сабела кој заминува од селекторската функција.