Саботата е омилен ден за секс

Сабота како омилен ден за секс ја преферираат дури 44 отсто од луѓето, вели истражување направено во САД. Сабота е ден, кој за разлика од другите денови, кога сме најмногу опуштeни.

Истражувањето, меѓу другото, покажало дека веќе нема спонтан секс и дека се’ повеќе млади двојки го планираат сексот однапред. Поголемиот број луѓе се највозбудени и најмногу сакаат секс во сабота и тоа меѓу 16.33 часот и 19.37 часот. Разликата од три часа што ги покажало истражувањето настанува поради обврските, како на пример: миење коса, депилирање, миење садови, пеглање и слично.

Како што опишале испитаниците во истражувањето, по саботниот ручек партнерите сакаат да гледаат телевизија и да одмораат. Возбудата за секс расте, но поради опишаните причини, водењето љубов го одложуваат за неколку часа подоцна.

Иако планирање секс се чини како најнероматнична работа на светот, факт е дека денеска многу двојки имаат секс токму благодарение на тоа планирање. Дури 62 проценти од испитаниците рекле дека планираат секс и интимно дружење, а од нив дури 88 проценти навистина го реализира планот.