САД следната година ќе прифатат 75.000 бегалци

САД следната година ќе прифатат 75.000 бегалци. САД планираат да го зголемат бројот на бегалците што ќе ги прифатат следната година за 5.000 лица на вкупно 75.000 деца, вклучително и неодреден број бегалци од Сирија, најавија претставници на Стејт департментот.

Државниот секретар Џон Кери изјави пред новинарите, по состанокот со конгресмените во Кaпитол хил, дека САД сакаат да преземат повеќе сириски бегалци кои што бегаат од војната во нивната земја.

Белата куќа соопшти дека е почнале разгледување на можностите за помош при справувањето со приливот на сириски бегалци, а американскиот претседател Барак Обама смета дека САД имаат морална одговорност да помогнат при справувањето со бегалската криза.

Кери: САД сакаат да преземат повеќе сириски бегалци
Кери: САД сакаат да преземат повеќе сириски бегалци

САД следната година ќе прифатат 75.000 бегалци

Висок претставник на Стејт департментот изјави дека САД во исминатите три години преземале околу 70.000 бегалци и дека се планира некој вид скромно зголемување следната година.

Тој наведе дека администрацијата го планира потребното зголемување на бегалци од Сирија како и од Субсахарска Африка, а особено на оние од Демократската Република Конго, пишува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Кога говориме за зголемениот број бегалци, мислиме на луѓе од целиот свет, вели тој.

Стејт департментот соопшти дека САД од почетокот на војната во сирија преземале 1.500 бегалци, а се очекува дека во октомври ќе преземат уште 300.