понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 65

САД бараат мисија на НАТО во Ирак

НАТО би можел да ѝпомага на ирачката војска во областа на „логистиката, набавката, развојот на капацитетите, формирањето на кадрите и академии

Поврзани вести

САД предлагаат НАТО да ја преземе мисијата на оспособување на ирачките безбедносни сили откако ќе биде поразена ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, изјави шефот на американската здружена команда, генералот Џо Данфорд.

Алијансата „би можела да биде идеално позиционирана за спроведување на мисијата за оспосбување“ на ирачките безбедносни сили „долгорочно“, изјавил генералот Данфорд во средата за новинарите во авионот со кој се враќал од состанокот на НАТО во Брисел.

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади веќе претходно изјави дека на ирачките безбедносни сили би можело и натаму да им биде потребна поддршка и по целосниот пораз на Исламската држава, но не ги прецизираше потребите, потсетил американскиот командант.

НАТО би можел да ѝпомага на ирачката војска во областа на „логистиката, набавката, развојот на капацитетите, формирањето на кадрите и академии“, рекол генералот Данфор.

Меѓутоа, НАТО не би учествувал во советничките мисии на борбените сили кои остануваат во доменот на меѓународната коалиција против Исламската држава предводена од САД, додал.

Најчитани вести