Свет

САД барал од Северна Кореја да му го испрати нуклеарното оружје

САД барал од Северна Кореја да му го испрати нуклеарното оружје

САД барале од Северна Кореја во рок од шест месеци да им испрати нуклеарни боеви глави, интерконтинентални балистички проектили (ICBM) и друг нуклеарен материјал, објави во четвртокот дневниот весник The Asahi Shimbun повикувајќи се на неколку извори блиски на случувањата околу свернокорејската нуклеарна програма.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео му кажал на севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун во текот на средбата претходно во мај дека Вашингтон би можел да ја симне Северна Кореја од листата држави кои го спонзорираат тероризмот доколку Пјонгјанг го испрати своето нуклеарно оружје надвор од своите граници, пишува весникот.

Доколку Пјонгјанг се согласи на целокупна, проверлива и неповратна денуклеаризација на планираниот самит со САД на 12-ти јуни, Вашингтон ќе разгледа давање гаранција за режимот на Ким Џонг-ун и тој став ќе биде вклучен во заедничката изјава на двајцата лидери, се наведува во написот на Asahi.

Покрај тоа, ваквиот потег наводно би го отворил и патот за обезбедување хуманитарна помош за Пјонгјанг, особено од Кина и од Јужна Кореја.

Истовремено, според изворите на весникот, Северна Кореја и САД се уште далеку од конкретниот договор за ова прашање. Пјонгјанг особено барал да му бидат обезбедни сигурни бебзедносни гаранции, заменување на сегашниот договор за примирје со мировен договор, а потоа воспоставување дипломатски односи и обезбедување инвестиции.

Се верува дека Северна Кореја поседува повеќе од 12 нуклеарни боеви глави, повеќе од 50 килограми плутониум за атомско оружје и неколку стотици килограми високо збогатен ураниум.

Во меѓувреме Северна Кореја го доведе во прашање одржувањето на самитот меѓу Ким и Трамп, средба без преседан во историјата кој би требало да се одржи следниот месец и ги осуди американско-јужнокорејските воени вежби како провокација, откажувајќи ги разговорите на високо ниво со Сеул.

Јужна Кореје настојува да посредува за да се надминат разликите меѓу САД и Северна Кореја кога се покажа дека постојат „некои разлики во ставовите“ во пресрет на планираниот самит, изјави во четвтротокот за претставник на Сината куќа, резиденцијата на јужнокорејските претседатели, пренесе агенцијата Reuters. Додал дека јужнокорејската влада и претседателот Мун Џае-ин имаат намера поактивно да се заземат „во улогата на посредник“ преку разните канали меѓу Трамп и Ким.

Мерките коишто Северна Кореја ги презема за да ги ублажи тензиите на Корејскиот полуостров треба да бидат признати и сите други страни, особено САД, би требало да ги негуваат можностите за мир, изјави водечкиот дипломат на кинеската влада Ванг Ји. Ванг, кој е државен секретар и министер за надворешни работи, оваа изјава ја даде во Париз во текот на официјалната посета, а ја објави на својата официјална страница конеското министерство за надворешни работи.