Балкан

САД: Белград да застане до ЕУ за кризата во Украина

САД: Белград да застане до ЕУ за кризата во Украина

Aмериканскиот потпретседател Џо Бајден му испратил писмо на српскиот премиер Александар Вучиќ, пред денешната  посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Белград.

„Сметаме на вас Србија, да бидете на страната на европските партнери поддржувајќи меѓународните принципи“, било наведено ви писмото.

Бајден нагласува дека Србија се стреми да ги добие правата и привилегиите што ги носи пристапувањето кон ЕУ, и потсетува дека Белград ќе го преземе претседавањето со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2015 година.

Русија го  поддржа Белград на многу деликатни меѓународни проблеми, вклучувајќи независноста на поранешната српска покраина Косово, која Москва не ја признава.

Исто така, таа има големи економски интереси во Србија, како на пример, „Газпром нафта” држи 51% од српската нафтена компании.

Во јануари 2013 година Москва му  додели на Белград заем од 800 милиони долари, наменети за реконструкција на железничката инфраструктурата, па во април истата година и даде  друг заем од 500 милиони долари, за да го пречека тешкиот буџетски дефицит.