Свет

САД: Четири деца настардаа во пожар во Филаделфија

САД: Четири деца настардаа во пожар во Филаделфија

Во пожар кој изби во една куќа во југозападниот дел на Филаделфија и брзо се прошири, настрадале четири деца, а биле запалени и неколку околни куќи.

Но, се уште нема официјална бројка колку луѓе се повредени  во огнената стихија која уништила осум куќи во низа, а зафатила вкупно 10 куќи.

Пожарот избил рано утринава, а бил локализиран за еден час.

Причината за пожарот не е позната наведува АП.