Американците го одбележуваат Денот на независноста

Американците го одбележуваат Денот на независноста

Американците денеска го одбележуваат Денот на независноста. Манифестацијата ќе се одвива со зголемни мерки на безбедност.

Стејт департментот на САД изврши проверка на безбедноста на американските дипломатски претставништва во светот, во пресрет на 4 јули, изјави портпаролот Џон Кирби.

Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо наложи затегање на мерките за безбедност во целата држава, во одговор на повикот за будност, упатен од федералната власт.

Околу 7.000 полицајци и речиси сите службеници на одделот за борба против тероризмот ќе ги обезбедуваат свечените манифестации во градот Њујорк.

Зголемената будност се наложува поради терористичките напади во светот минатата седмица, за кои одговорност презеде џихадистичката група „Исламска држава“.

САД денеска го одбележуваат по 239-ти пат националниот празник. На тој ден во 1776 година е потпишана Декларацијата за независност од Британската империја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.