САД: Дополнителни 17,7 милиони долари помош за Украина

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден разговараше со украинскиот претседател Петро Порошенко за кризата во источниот дел на Украина и понуди дополнителни 17,7 милиони долари помош за оваа земја.

Според соопштението од Белата куќа, помошта е наменета за храна, вода и засолништа, пренесува МИА.

Бајден и Порошенко разговарале и за реформските напори на Украина.

Американскиот потпретседател го поздрави именувањето на новиот шеф на Бирото за борба против корупцијата и го охрабри натамошното спроведување на реформите од областа на владеење на правото, меѓу кои е и реформата во праводуството, се наведува во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.