САД е третата држава која најави кандидатура за ОИ 2024

По Германија и Италија, сега и САД најави кандитатура за организација на Олимписките игри во 2024-та година. Потенцијални домаќини се Бостон, Лос Анџелес, Вашингтон и Сан Антонио.

Изминативе дваесетина година САД на двапати беа домаќини на ОИ, најпрво летните кои се одржаа во Атланта во 1996-та, а потоа и зимските во 2002-та, одржани во Солт Лејк Сити.

Кому ќе му припадне привилегијата да биде домаќин на ОИ 2024, ќе реши Меѓународниот олимписки комитет во 2017-та година.