САД: Ештон Картер е нов министер за одбрана

Ештон Картер (60) беше номиниран од Барак Обама на 5 декември, а поддржан со големо мнозинство од Горниот дом на Конгресот. Тој на функцијата го заменува Чак Хејгел, кој поднесе оставка минатата година, објави МИА.

Картер претходно беше заменик министер за одбрана на САД во периодот од 2011 до 2013 година. Тој е четвриот министер за одбрана во време на претседателот Барак Обама.