САД ги евкуираат семејствата на персоналот во амбасадата во Венецуела

Американската администрација нареди евакуација на членовите на семејствата на вработените во амбасадата во Каракас порди продлабочувањето на кризата во Венецуела пред одржувањето на контроверзното гласање за коешто критичарите тврдат дека би можело да претставува крај на демократијата во оваа земја богата со нафта.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пркосејќи на притисоците и од домашната опозиција но и однавор, во прв ред од САД, не се откажува од формирањето на Конститутивното собрание чиишто членови би требало да бидат избирани во недела. Новиот парламент би имал овластувања да врши промени во уставот на земјата и практички значи заобиколување на постојниот парламент во кој мнозинството го има опозицијата. Мадуро тврди дека тое тело е неопходно за да се врати мирот во Венецуела по четирите месеци насилни судии меѓу власта и опозицијата во кои загинаа стотина лица.

Насилствата на улиците продолжува, а во најновите протести протви изборите во недела за моќното Конститутивно (уставотворно) собрание загинаа седум луѓе. Покрај засилената меѓународна изолација на Венецуеала, во прв ред од западните земји, со работа престана и колумбиската воздухопловна компанија „Avianca“ наведувајќи како причина „деловни и безбедносни ограничувања“.

„Ќе продолжиме да се бориме, нема да ги напуштиме улиците“, порача опозицискиот пратеник Хорхе Милан. Опозицијата пред четири месеци почна да бара одржување парламентарни избори за да го прекине две децении долгото владеење на социјалистите.

Покрај евакуацијата на членовите на семејствата на персоналот на амбасадата, Стејт департментот одобри и доброволно заминување на секој член на персоналот во дипломатската мисија во венецуелската престолнина Каракас.