САД ги предупредија американските граѓани за ризикот од тероризам во Турција

– Владата на САД продолжува да добива веродостојни индикации дека терористички групи бараат можности да нападнат популарни туристички дестинации во Турција, предупреди вчера американската Амбасада во Анкара.

– Странските туристи во Турција се конкретна цел на терористичките организации, додаде Амбасадата.

Во Турција веќе беа извршени четири самоубиствени терористички напади оваа година, од кои последниот во Истанбул минатиот месец. Одговорноста за два од нападите беше на Исламска држава, додека зад другите два стоеше Курдската работничка партија (ПКК).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.