САД ги предуреди Американците да бидат претпазливи во Косово

САД во соопштение ги повикуваат граѓаните кои живеат, се во посета или планираат да патуваат во Косово да бидат претпазливи за време на Велигден поради закани од екстремен исламизам.

САД се одлучиле на ваков чекор врз основа на информацијата која ја добила американската амбасада во Приштина, за заканите врз православните верски објекти во Косово.

Ова е првпат Стејт департментот да упатува ваков повик до американските државјани во Косово во пресрет на еден од најголемите христијански празници како што е Велигден.

– Велигден има исклучителна важност за христијанската заедница, и католичката и православната, и се очекува во нивните верски објекти да има значително повеќе луѓе од вообичаено, наведува бирото за дипломатска безбедност.

– Имајќи ги предвид повремените закани за верските објекти во Косово, посебно најпознатите цркви во урбаните центри, американската Амбасада сака да го сврти вниманието до сите американски државјани во Косово да бидат внимателни и на косовската полиција да и јават за секоја сомнителна активност, се вели во препораката на Советот на американските граѓани кои се во Косово или планираат таму да патуваат овие денови.