САД ги премолчувале антикомунитичките масакри во Индонезија

Американската влада ги премолчувала и ги поддржувала масакрите што ги извршила индонезиската војска во текот на антикомунистичките чистки во 1965/1966 година на овие острови во југоисточна Азја, покажуваат документите од архивите од кои по половина век е симната ознаката за тајност, пренесува во средата AFP во чиј прилог се истакнува дека овие колежи били едни од најсуровите злосторства сторени во XX век.

Декласифицираните досиеја откриваат нови детали за сознанијата и поддршката на американската влада во кампањата на индонезиската армија, во која загинаа неколку стотици илјади цивили за време на антикомунистичката хистерија во средината на 1960-ти, пишува во средата Associated Press.

Вкупно 39 документи од американската амбасада во Џакарта го покриваат периодот од 1964 до 1968 година, кога меѓу светските сили САД и тогашниот СССР се водеше Студената војна. Со симнувањето на ознаката за доверливост, овие документи пружаат нови сознанија за една од најтрубулентните епизоди во историјата на современа Индонезија.

Историчарите проценуваат дека од октомври 1965 до март 1966 година се убиени околу 500.000 приврзаници на Индонезиската комунистичка партија (PKI), откако војската и локалните муслимански милиции започнале крвава пресметка по обидот за државен удар.

Обидот за државен удар во 1965 година, кој им е припишан на комунистите, го спречи генералот Сукарто, по што започнале масакрите. Овој диктатор којшто потоа ја презема целата власт и со „железна тупаница“ ја водеше земјата 32 година, беше отстранет од власта со народниот бунт во 1998 година по финансиската криза во Азија, а почина во 2008 година.

Во текот на своето владеење, овие масакри Сукарто ги оправдуваше со тоа дека станува збор за „неизбежна етапа“ во искоренувањето на комунизмот во земјата. Индонезија тогаш, по Кина и СССР, ја имаше третата најголема комунистичка партија на светот.

Документите покажуваат дека американските функционери располагале со детални информации за масакрите сторени со учество на муслиманските групи. Во дипломатска телеграма која на 26-ти ноември од градот Сурабаја ја испратил американскиот конзул пишува дека пристигнуваат бројни информации од истокот на островот Јава кои упатуваат на масакр на 15.000 комунистички приврзаници.

Во друга дипломатска телеграма испратена од Медан, на островот Суматра, пишува дека припадниците на Мухамадија, најголемата муслиманска организација во Индонезија, ги сметаат комунистите за „неверници на најниско ниво, а проливањето на нивната крв го споредуваат со колењето пилиња“.

Организациите за човекови права ги повикаа САД и Индонезија да ја објават целата тајна документација за овие масакри.

Документите ги објави Националниот центар за симнувње на тајноста, оддел во Управата на националниот архив на американската влада. Кон крајот на годината би требало да бидат објавени уште неколку документи во врска со овие настани, вклучително и повеќе досиеја на американската Централна разузнавачка агенција (CIA).

Документарниот филм со наслов „Чин на егзекуција“, еден е од илмовите за споменатите масакри кои се забранети во Индонезија.