Балкан

САД ги прислушуваат српските политичари

САД ги прислушуваат српските политичари

Србија официјално се најде на списокот на земји чии политичари се прислушувани од американската Национална агенција за безбедност (НСА), пишува беградскиот весник „Курир“, пренесува Нетпрес.

„Србија е интересна за НСА најмногу кога станува збор за можното дејствување на групи поврзани со радикален исламизам, а сигурно и поради односот со Русија, интересна е и комуникацијата на српските политичари“, објавува весникот изјава на неименуван извор од воено-безбедносната агенција на Србија.

Се наведува дека разговорите на државниот врв се заштитени од прислушување, но дека сепак нема заштита од меѓународните разговори. Срспките служби поседуваат систем за заштита, со кој го попречуваат слушањето на телефонските разговори, кои се водат на територијата на државата.

Српските функционери може да бидат спокојни, кога станува збор за обиди на странските служби да ги прислушуваат на територијата на земјата. Но, проблемот е заштита на разговорите со соговорници надвор од границите на Србија, од што не се заштитени ниту функционерите на државите кои вложуваат големи пари во безбедносни технологии.

Најдобар пример за тоа е германската канцеларка, Ангела Меркел, за кој јавно бепе објавено дека е прислушувана од НСА. Последниот обид за заштита на нејзината комуникација беше специјален телефонски апаратa, со чип изработен во Германија.

„Во БИА не сакаа да ги коментираат наводите за НСА, ниту сакаа да кажат дали имаат сознанија за тоа дали американската служба од 2010 година, кога ја добила дозволата за собирање на доверливи податоци, прислушува во Србија“, пишува „Курир“.

Иако на пазарот има телефонски апарати со криптозаштита, односно кои ги ѓифрираат разговорите, сепак српските политичари и функционери не споедуваат такви.

Американскиот весник „Вашингтон Пост“, вчера, објави дека Националната агенција за безбедност, според најдоверливите документи, овластена е да ги „пресретнува комуникациите“ ширум планетата.