САД ги промени цените за издавање на имиграциони визи

Властите на САД ги менуваат конзуларните наплатни надоместоци за издавање на повеќето имиграциони визи. Ова вчера го соопшти Стејт департментот, пренесува ИТАР-ТАСС.

Промените стапуваат во сила од 12 септември оваа година. Блиски роднини на американски државјани или лица кои се со постојан престој во САД во иднина за визи ќе плаќаат 325 долари наместо 230.

Услугите за издавање на работна виза ќе поевтинат и повеќе нема да чинат 405, туку 345 долари. Исто така, ќе се намали и цената на конзуларните услуги при издавање на повеќето други имиграциони визи.
Вредноста на повеќето неимиграциони визи останува непроменета. Исклучок ќе бидат само визите за странци, кои одлучиле да склучат брак со државјанин на САД, и визите за инвеститорите во американската економија.

Виза од прв тип отсега ќе чини 240 наместо 265 долари, од втор 205 наместо 270 долари.
Значително ќе поскапе откажувањето од државјанство на САД, од 450 на 2350 долари, додава Стејт департментот.