САД ги суспендира разговорите со Русија за Сирија

САД ги суспендираа билатералните разговори со Русија за Сирија, кои имаа за цел враќање на договорот за прекин на огнот и воспоставување заедничка воена групација за пресметка со џихадистите.

– Ова не е лесно донесена одлука, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби, кој рече дека Русија и нејзините сириски сојузници ги зајакнуваат нападите во областите со цивилно население.

Претходно денеска, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека договорот меѓу САД и Русија за Сирија се наоѓа во состојба на суспензија, бидејќи се уште е нејасно како Вашингтон се однесува кон опозицијата која не го признава тој договор.

– Изјавите и чекорите на американските колеги, кога станува збор за Сирија се карактеризираат со многу противречности, додека нам ни е приоритет да се надминат сите двосмислености, посебно тие што директно влијаат на соработката со САД кога станува збор за спроведување на договорот, кој во моментот се наоѓа во состојба на суспензија, истакна Лавров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.