САД го гасат ХААРП ова лето

Соединетите Американски Држави ова лето го гасат ХААРП, воениот систем кој теоретичарите на заговори го обвинуваат за најголемите природни и  индустриски катастрофи, соопшти американската Влада.

На САД веќе не и е потребен овој систем кој се користи за проучување на атмосферата, особено за јоносферата, сместен на Алјаска, стои во соопштението.

Американската влада тврди дека проектот се занимава со проучување на јоносферата, горниот дел од атмосферата, со цел создавање подобра радио-комуникациска технологија.

Постојат бројни теории за тоа како ХААРП влијае на климатските промени, модифицирање на временските прилики, онеспособување на сателитите и сл.

Работата на овој систем започна во 1993 година, за него годишно се трошат околу 5 милиони долари, а за изградбата се потрошени над 280 милиони долари.