САД го повикуваат Иран да се вклучи во борбата против ИД

Претседателот на САД Барак Обама испратил тајно писмо до иранскиот верски лидер Ајатолахот  Али Кхаменеи.

Како што пишува американскиот весник Wall Street Journal, Обама со овој потег се обидел да го придобие за сојузник иранскиот верски лидер во борбата против Исламска држава и да го „омекне“ неговиот став во однос на преговорите за спорната иранска нуклеарна програма.

Во писмото Обама напоменува дека борбата против ИД е од заеднички интерес за САД и за Иран, пренесува Анадолија.

Истите извори тврдат дека во писмото на Обама се истакнува дека секој вид соработка на двете земји во борбата против ИД дирекно условена од конечниот договор за иранската нуклеарна програма кој најдоцна би требало да биде постигнат до 24-ти ноември.

Управата на Обама во последните неколку седмици ја интензивираше борбата против ИД и другите радикални групи, а паралелно воспостави и зачестени контакти со властите во Иран.

Медиумите во САД пишуваат дека ова е најмалку четврто по ред писмо што управата на Обама „тајно“ ги испратила до лидерите во Иран, но тоа го прави тајно за да не предизвика бурни реакции од страна на Израел и одредени арапски земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.