САД го предупредија Пакистан за ослободување на осомничен милитант

Белата куќа во саботата објави дека ќе има последици по американско-пакистанските односи доколку Исламабад не го притвори и не поднесе тужба против неодамна ослободениот исламист за којшто се тврди дека стои зад терористичкиот напад во иднискиот мегалополис Мумбаи од 2008 година.

Пакистанскиот суд во средата нареди пуштање на Хафиз Саед кој во јануари беше ставен во домашен притвор откако тој со години живееше слободно во Пакистан, на што САД не гледаа благонаклоно. Неговото ослободување ја разлути и Индија, регионалниот ривал со кој Пакистан водеше неколку војни минатиот век.

Белата куќа во саботата го повика официјален Исламабад да го уапси Саед и да го обвини за нападот во Мумбаи (Бомбај) во кој беа убиени 166 луѓе, вклучително и американски државјани.

„Доколку Пакистан не презема нешто за законски да го притвори Саед и да го обвини за неговите злосторства, тоа недејствување ќе има последици за билатералните односи и за угледот на оваа држава во светот“, соопшти Белта куќа.

Станува збор за првата реакција на САД и прво тврдење дека неодамнешната одлука може да има влијание на односите меѓу двете земји кои се сојузнички, но и двете веќе подолг период меѓусебно се гледаат со многу сомневања.

Саед повеќепати ги отфрли обвинувањата дека учествувал во нападите во Мимбаи во кој десет вооружени исламистички терористи нападна деловено-хотелски коплекс, еврејски центар и железничката станица. Овој инцидент траеше неколку дена а потоа на работ од нова војна ги доведе нуклеарно вооружените Индија и Пакистан.

САД понудија награда од 10 милиони американски долари за информации коишто ќе доведат до апсење и судење на Саед кој ја води групата Џамаат-уд-Дава, чиишто припадници тврдат дека станува збор за хуманитарна организација, но Вашингтон смета дека зад неа стои милитантната групација Лашкар-е-Таиба.