САД го прогласија Абдеслам за глобален терорист

По повод ослуката Стејт департментот објави дека го замрзнува кој било имот на Абдеслам на територијата на САД и им забраннува на своите државјани да соработуваат со него.

Абдеслам, единствениот сторител на терористичкиот напад во Париз во ноември минатата година, уапсен е во Брисел на 18 март по четиримесечно бегство. Тој беше најбараниот човек во Европа.

Се претпоставува дека Абдеслам беше коориднатор на нападите задолжен за логистика, а на истражителите им кажа дека требало да изведе самоубиствен напад на стадионот „Стад де Франс“, но оти се откажал.

Четири дена по апсењето на Абдеслам во Брисел се случија бомбашки напади на Исламска држава на аеродромот и во метрото. Сторителите се џихадисти поврзани со келијата која изврши напади во Париз, при што загинаа 130 луѓе.

Абдеслам (26), кој треба да биде испопрачан во Франција, наводно на својот брат му кажал дека соработува со полицијата и оти не учествувал во нападите во Брисел.

Братот на Абдеслам, Мохамед на 2. април изјави дека Салах свесно одлучил да не го активира експлозивот во Париз.