Свет

САД го воведоа најголемиот досега пакет санкции за Северна Кореја

САД го воведоа најголемиот досега пакет санкции за Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека САД го воведуваат „најголемиот од кога и да е“ пакет санкции за Северна Кореја, јакнејќи го притисокот врз оваа земја да се откаже од развојот на нуклеарно оружје и на својата ракетна програма со кои станува закана за американската територија.

„Денеска објавувам дека го воведуваме досега најголемиот пакет нови санкции против севернокорејскиот режим“, рача американскиот претседател.

Американското министерство за финансии објави на својата интернет страница дека под санкции става едно лице, 27 компании и 28 бродови. Целта е да се отежне делувањето на севернокорејските транспорти и трговски компании, како и бродови што би требало да доведе до дополнително изолирање на Пјонгјанг.

Построгите санкции би можеле да го загрозат најновото попуштање на затегнатоста во односите меѓу двете Кореи, коешто во моментов се покажува со учеството на Северна Кореја на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја и подготовките за можната средба меѓу челниците на двете земји.

Уште пред две седмици во текот на неговата посетеа на Јапонија, американскиот потпретседател Мајк Пенс најави дека санкциите ќе бидат засилени.

Целта на нуклеарната и ракетна програма на Пјонгјанг е да се изработи интерконтинентален балистички проектил кој може да достигне цел на територијата на САД. Според некои стручњаци, Северна Кореја е на чекор од остварувањето на оваа амбиција.