САД: Грција да се откаже од рускиот гас преку Турски тек

Соединетите Американски Држави ја повикаа Грција да се откаже од рускиот гас преку Турски тек и да остане при изградбата на гасоводот кој преку Грција ќе ја снабдува Европа со гас од Азербејџан.

Специјалниот пратеник на американскиот Стејт департмент за енергетски прашања, Амос Хохштајн, изјави дека денеска во Атина со грчките власти разговарале за прашањето за енергетска безбедност во Европа, како и за ресурсите на притоден гас, пренесе грката агенција АНА.

Во интервјуто дадено пред состанокот со грчкиот премиер Алексис Ципрас, Хохштајн рече дека Грција ќе стане попривлечна за западните инвеститори и дека ќе помогне за намалувањето на зависноста на Европската унија од руските испораки на гас, доколку одбие преку нејзина територија да поминува гасоводот на руската државна компанија Газпром.