САД: Грција треба да соработува со ЕУ и со ММФ

Грција треба да соработува со европските земји и со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), со цел да ги реши структурните економски проблеми и да го зачува членството во еврозоната, изјави Бен Родс, советник во Белата куќа за прашања од националната безбедност, пишува МИА.

Белата куќа испраќа двојна порака кон Европјците, но и кон Грција. Очевидно е дека Вашингтон е загрижен поради ширење на економската криза, која би ја погодила и американската економија. Од една страна САД се залага за соработка на грчката Влада со „тројката“, а од друга бара од кредиторите да и дадат малку оддишка на Грција за да се опорави во рамки на еврозоната, објавија грчките медиуми.

– Во врска со должничкиот проблем треба да се обрне внимание на структурните реформи, кои треба да бидат реализирани од Грција, но и на грчкиот народ е потребно да му се даде можност за развој, со цел да се овозможи подобра иднина и поголеми економски шанси – истакна претставникот на Белата куќа.