Свет

САД и ЕУ подготвуваат помош за Украина

САД и ЕУ подготвуваат помош за Украина

Гаранции, инвестиции, стабилизирање на валутата, Европската унија и САД планираат краткорочна финансиска помош за Украина, пренесе германското списание „Дер Шпигел“.

„Сумата што ќе биде доделена, нема да биде мала“, истакна високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, додавајќи дека оваа помош нема да биде обврзана со долгорочен договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), за разлика од досегашните практики на ЕУ.

Според Ештон, која во следните 48 часа, повторно ќе го посети Киев, целта на пакетот е да и помогне на Украина во една преодна фаза, во која привремената Влада ќе наметне политички и економски реформи и ќе се обиде да го отвори патот за претседателските избори.