САД и ЕУ се подготвени да одвојат по една милијарда долари за Украина

Министерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмаер изјави дека САД се подготвени да одвојат околу една милијарда долари финансиска помош за Украина, пренесе „Интерфакс“.

„Јас бев задоволен кога слушнав дека САД се подготвени да помогнат со околу една милијарда долари и Европската унија веројатно ќе го направи истото , можеби за слична сума пари“, рекол Штајнмаер во Вашингтон по средбата со државниот секретар на САД, Џон Кери.

Германскиот дипломат, исто така, изрази надеж дека ММФ ќе биде подготвен да обезбеди средства од фондот за вонредни ситуации.