САД и ЕУ со нови санкции кон Русија

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за заострување на санкциите кон Москва поради кризата во Украина, вклучително и со казнување на оние руски компании кои се поврзани со активности за дестабилизирање на Киев.
Цел на новите мерки се „поединци или компании кои активно пружаат финансиска поддршка или материјали на Русите што носат одлуки и се одговорни за анексијата на Крим или детсабилизирањето на Источна Укриана, се наведува во соопштението.
На самитот на лидерите на 28-те земји-членки на ЕУ договорено е и суспендирање на новите инвестиции во Русија на Европската развојна банка и Европската Банка за обнова и развој (ЕБРД).
Санкциите на ЕУ кон Русија се зајакнуваат само неколку часа откако САД објавија дека го зголемуваат мерките и го прошируваат списокот на функционери и водечки руски компании и банки.