САД и Германија не го подддржуваат менувањето на границите на Балканот

Соединетите држави и Германија не го поддржуваат менувањето на границите на Балканот, порачаа амбасадорите на двете земји во Белград по повод изјавите за обединување на Албанците во регионот и создавањето на ткн Голема Албанија.

По изјавите на некогашниот шеф на Верификациската комисија на Организацијата за безбедност и соработка (ОБСЕ) на Косово и поранешен американски генерал, Вилијам Вокер за планот за обединување на Албанците од Косово и од Албанија, амбасадорот на САД во Србија, Кајл Рандолф Скот истакна дека американската влада не ја поддржува Голема Албанија, ниту промени на границите во регионот.

„Американската влада не поддржува промена на границите, не поддржува ниту ’Голема Албанија’ ниту ’Голема Србија’. Таа се согласува на стабилноста и помирувањето меѓу народите во регионот“, пренесе Радио-телевизија Србија, изјави амбасадорот Скот.

Истовремено германскиот амбасадор Аксел Дитман изјави за белградските медиуми дека сите изјави кои имаа за цел измени на границите на Балканот се „опасни“ и оти Германија тоа не го прифаќа.