САД и коалицијата со нови напади врз џихадистите

САД и сојузниците извршија 15 воздушни напади врз цели на Исламска држава во Ирак и во Сирија од средата до денеска, соопшти американската Централна команда (Сентком).

Тринаесет од нападите биле во Ирак, а два во Сирија. Нападите во Сирија биле во близина на градот Кобане и врз тактичката база во близина на Алепо.

– Во Ирак биле нападнати и уништени бункери, автомобили, булдожер и воена позиција на ИД во близина на Киркук и неколку објекти во близина на Мосул, како и во околината на градовите Ал Рутба, Фалуџа, Ал Кајм и Баиџи, соопшти Сентком