САД и ОАЕ ќе се борат против интернет пропагандата на ИД

Владите на САД и на Обединети Арапски Емирати отворија нов центар за дигитални комуникации, кој ќе ги користи социјалните медиуми против активната интернет пропаганда на Исламска држава.

Центарот Саваб, кој денеска почна со работа сер наоѓа во Абу Даби, главниот град на ОАЕ, клучен американски сојузник на Блискиот Исток и членка на меѓународната коалиција против ИД.

Центарот објави видеоматеријали на ЈуТјуб и пораки на Твитер на арапски и на англиски јазик. Наскоро Центарот ќе има профил и на Фејсбук.

Целта на Центарот за дигитални комуникации има за цел да помогне во напорите на меѓународната коалиција да се спротистави на пропагандата на ИД и да им даде простор на „умерените и толерантни гласови од регионот“