САД и понудија на Украина нова помош од 50 милиони долари

Украина доби нова понуда за помош од САД вредна 50 милиони долари за економските и политички реформи, соопшти Белата куќа.

Помошта ќе ја финансираат експертски екипи од државните агенции на САД, кои ќе и помагаат на Украина да ја намали зависноста од доставките на руските енеретски компании.  Други технички советници ќе помагаат во борбата против корупцијата.

САД исто така понудиле осум милиони долари воена помош, која вклучува опрема за деминирање, радиостаници и превозни средства, се наведува во соопштението на Белата куќа.