САД и препорача на Сирија да ги одложи претседателските избори

САД сметаат дека Сирија треба да ги одложат претседателските избори, кои се закажани за третти јуни оваа година, со образложение дека не се соодветни на повикот на Женева за состав на преодна влада, изјави портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни.

“Почетокот на третиот круг од преговорите во Женева зависи од согласноста на режимот на Башар ал Асад да разгледа други прашања, како составот на преодна влада што се посочува во Женевското коминике. Во првите два месеца од преговорите режимот не сакаше да го направи тоа, а тоа прашање треба да е прво на дневниот ред”, додаде Карни.