САД и Ријад договорија зделка за продажба на оружје за 110 млрд долари

Соединетите држави и Саудиска Арабија се усогласиле околу големиот договор за продажба на американско оружје на Ријад, а се очекува дека меморандумот за намери ќе биде потпишан во текот на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Ријад, открил во саботата функционер на Белата уќа.

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот државен секретар Рекс Тилерсон ќе учествуваат на потпишувањето од договорот за продажба на оружје на Саудиска Арабија од близу 110 милијарди долари, рекол неименуван функционер пренесуваат новинарите кои патуваа со американските претседател во Ријад., додал дека ќе биде продадена опрема и услуги коишто ќе осигурат долгорочна заштита на саудиските и заливските области против заканите од Иран.

САД се главниот снабдувач со оружје на оваа сунутска монархија каде што се практикува ригидниото вехабиустичко толкување на исламот, и тоа од борбените авиони „F-15“до командни и контролни системи коишто чинат и по десетици милијарди евра.

Според претходните медиумскинаписи, компанијата „Lockheed Martin Co“ на Саудијците ќе им испорача пакет кој го вклучува напредниот одбранбен ракетен систем THAAD. САД и Саудиска Арабија преговараат и за испорака на системот за борбена команда и комуникација C2BMC, како и за пакет сателитски капацитети, исто така, производ на „Lockheed Martin Co“. Во понудата е вклучен и пакет борбени бродови и пропратни услуги и резерви во износ од 11,5 милијарди долари, кој уште во 2015 година го одобри Стејт департментот.

Во пакетот оружје за Саудијците е муницијата во износ од милијарда долари, којашто вклучува противоклопни проектили „Penetrator Warheadse“ и ласерски бомби „Paveway“ на компанијата „Raytheon Co“. Администрацијата на демократот Барак Обама ја откажа оваа продажба поради загриженоста на саудиската воена операција во Јемен, а службеник од сегашната администрација на републиканецот Доналд Трамп открил дека таа продажба сé уште е предмет на меѓуагенциски проверки во САД.

Саудискиот крал Салман во саботата на Трамп му го врачи најголемото цивилно одликување на оваа земја – Златниот медал на кралот Абдулазис, како „израз на уважување на историските и тесните врски на Саудиска Арабија и САД“.

Трамп со кралот Салман разговарал за Сирија, нафтата и договорите за оружјето, како и за /исламската држава. Оваа сунитска монархија ги поддржува сунитските бунтовници кои во Сирија се борат против алавитскиот (шиитски) претседател Башар ал-Асад.

Саудиска Арабија изрази задоволство од администрацијата на Трамп која во април ја ракетираше сириската воена база Шарјат, како одмазда за наводниот напад со хемиско оружје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.