Свет

САД и Русија постигнаа договор за размена на информации за Украина

САД и Русија постигнаа договор за размена на информации за Украина

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска дека САД и Русија се договориле да разменуваат информации за ситуацијата на руско-украинската граница, пренесе МИА.

Украинската армија вчера ја обвини Русија дека испратила конвој од 32 тенка и камиони со војници до проруските сили во источна Украина кои се во судир со украинските сили.

– Доволно е да се каже дека имаме несогласувања за некои факти кои се однесуваат за Украина. Се договоривме да разменуваме информации за тоа. Исто така се договоривме да го продолжиме овој дијалог, изјави Кери во Пекинг.

Тој разговараше денеска со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Пекинг каде в понеделник почнува дводневен самит на лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка.