САД и Шпанија фаворити на Мундобаскетот

Селекциите на САД и домаќинот Шпанија се главните фаворити за освојување на титулата на Светското кошаркарско првенство кое денеска стартува а ќе се одржува до 14.септември во шест шпански градови, пишува Екипа.

Мадрид, Барселона, Билбао, Севилја, Лас Палмас и Гранада се градовите од кои следните две недели ќе ни бидат сервирани најголемите кошаркарски возбудувања.

Од 24 репрезентации учеснички, секако најголемиот фаворит за титулата е САД кој е и бранител на трофејот освоен пред четири години во Турција, а веднаш зад американскиот „дрим тим“ на листата фаворити се Шпанија, Литванија и Грција.

Ентони Дејвис, По Гасол, Џејмс Харден, Дерик Роуз… се дел од ѕвездите кои треба да продефилираат и од кои треба да се очекува да ги понесат своите тимови кон златото, иако има селекции кои никако не смеат да се отпишат.

Во првата фаза на Мундобаскетот ќе се натпреваруваат 24 репрезентации поделени во четири групи, при што најдобрите четири тима од секоја група продолжуваа во осминафиналето што ќе означи старт на нокаут фазата. Според шемата, најголемите фаворити за титулата САД и Шпанија не може да се сретнат пред финалето.

Светското првенство во Шпанија денеска стартува од 12:30 часот со дуелите Хрватска – Филипини (Група Б), Украина – Доминиканска република (Група Ц) и Ангола – Ј. Кореја (Група Д).

grupa-a

ГРУПА А

Шпанија

Србија

Франција

Бразил

Египет

Иран

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА

15:30 часот: Египет – Србија

18 часот: Франција – Бразил

22 часот: Иран – Шпанија

grupa-b

ГРУПА Б

Аргентина

Хрватска

Грција

Филипини

Порторико

Сенегал

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА

12:30 часот: Хрватска – Филипини

17:30 часот: Порторико – Аргентина

20 часот: Грција – Сенегал

grupa-c

ГРУПА Ц

САД

Украина

Турција

Финска

Нов Зеланд

Доминиканска република

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА

12:30 часот: Украина – Доминиканска реп.

16 часот: Нов Зеланд – Турција

21:30 часот: САД – Финска

grupa-d

ГРУПА Д

Литванија

Словенија

Мексико

Ј.Кореја

Австралија

Ангола

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА

12:30 часот: Ангола – Ј.Кореја

16:30 часот: Австралија – Словенија

19 часот: Мексико – Литванија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.