Балкан

САД и Турција со независна зона од Исламска држава

САД и Турција со независна зона од Исламска држава
САД и Турција со независна зона од Исламска држава

Независна зона од Исламска држава ќе формираат САД и Турција, соопштија денеска американски претставници.

Целта е воспоставување слободна зона од Исламска држава и обезбедување поголема стабилност по должината на границата на Турција со Сирија, изјави неименуван американски претставник.

Деталите на „слободната зона“ треба се уште да се разработат, но наведе дека „евентуалните заеднички воени напори нема да вклучат зона забранета за летови“, што подолго време го бара Турција, рече тој.

Договорот уследи по седмицата на насилства во Турција за што властите ја обвинија ПКК и екстремисти од ИД.

Бран напади на мети на ИД во Сирија

Турција ја нападна Исламска држава, утринава, кога воени авиони извршиле бомбардирања врз цели на џихадистичката група на територијата на Сирија.

Четири борбени летата, полетале од базата Дијарбекир, во југоисточна Турција, и извршиле ракетен напад врз сириското село Хавар, кое се наоѓа непосредно до граничната линија со турската провинција Килис.

Авионите не го нарушиле сириското воздушно пространство.

Кабинетот на премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, испратил соопштение до јавноста во кое е наведено дека авиони од типот Ф-16 бомбардирале три локации на Исламска држава во северна Сирија. Нападите биле извршени во четири часот, а уништени биле три објекти на Исламска држава.

Оваа акција на турската армија се случува по нападите на џихадистите на позиции на војската на Турција долж границата.

 

 

Службите во Турција изминатава недела во Истанбул и Анкара спроведоа антитерористички акции во кои беа уапсени стотици лица поврзани со ИД.