САД и Велика Британија ги повикаа Путин да ги врати руските војници во базите во Крим

Претседателот на САД, Барак Обама и премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон истакнаа дека акциите на Русија на територијата на Крим се неприфатливи, пренесе изданието „Лига“.

Обама и Камерон го предупредиле претседателот на Русија, Владимир Путин дека ако руските војници не се вратат во своите бази во Крим во следните неколку часа, Русија ќе се соочи со „значителни загуби“.

Покрај тоа, Обама имал телефонски разговор со Путин, во кој се обидел да го одврати од плановите да испрати војници во Украина .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.