САД им забранија пристап на тројца косовски пратеници во воена база во Германија

САД не им дозволија влез на тројца пратеници од косовското Собрание во една американска воена база во Германија, објави приштинскиот портал „Лајми.нет“, пренесе МИА.

Според порталот, по проверката на списокот од 16 косовски партеници што планирале посета на базата во Германија, американската Амбасада во Приштина порачала дека на листата на посетители не може да бидат пратениците Реџеп Сељами од движењето Самоопределување, Даут Харадинај од Алијансата за иднината на Косово и Зафир Бериша од партијата Иницијатива за Косово.

Причините за ваквата американска одлука не се соопштени.

Меѓу останатите, на листата на членовите на делегацијата на косовското Собрание што треба да ја пости базата се и партеничките Дорунтина Маљоку од Демокартскиот сојуз на Косово и Митахер Хашкука од Иницијативата за Косово.