САД им замерува на Израел порадни нивнот план за изградба на нови населби

Портпаролот на Белата куќа, Џорџ Ернест изјави дека тој чекор на израелската Влада претставува кршење на обврските, кои ги презела и оти не наликува на однесување на пријател.

Според него САД јавно добиле уверување од Тел Авив, кои се спротивни на новата најава за изградба на населби, „а доколку се има предвид како пријателите се однесуваат едни кон други, тоа е причина за загриженост“.

Критиките следеа, откако беше одобрен планот за израдба на 98 станбени единици во новата еврејска населба. Со планот се предвидува изградба до 300 станбени единици и индустриската зона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.