САД имале неуспешна операција за спасување на новинарот Фоли

Соединетите американски држави објавија дека неодамна извеле воена мисија во Сирија за спасување на американски заложници, заробени од припадници на организацијата „Исламска држава“. Мисијата завршила неусешно бидејќи не ги нашле заложниците.

– Операцијата вклучуваше воздушни и копнени елементи… но, за жал заврши несупешно, зошто заложниците не беа на определеното место, се вели во информацијата од Пентагон, објавена од „Ројтерс“.

Воената мисија била одобрена од претседателот на САД, Барак Обама, на почетокот на летово.

Оваа информација доаѓа откако терористите на „Исламска државава“ објавија видео од егзекуцијата и обезглавувањето на новинарот Џејмс Фоли, киднапиран во Сирија во 2012 година. Исламските терористи, на видео записот, се заканија и дека ќе убијат уште еден заложник, американскиот новинар Стивен Сотлоф, ако продолжат воздушните напади на армијата на САД врз позициите на „Исламска држава“ во Ирак.

Според високи функционери во Вашингтон, спасувачката мисија на војската на САД била авторизирана, откако разузнувањето сметало дека успеало точно да ја одреди локацијата, каде се наоѓаат заложниците.

Потоа, неколку десетици командоси биле спуштени со авиони во Сирија. Тие влегле во борба со припадници на „Исламска држава“, но излегло дека на одредената локација нема никакви заложници. Потоа командосите се повлекле, а во борбите биле убиени неколку џихадисти. Немало повредени, ниту загинати американски војници.

Весникот „Вашингтон Пост“ објави дека операцијата била изведена од специјални единици на вооружените сили на САД, кои добиле логистика од сите служби. Целта била осолободување на американски државјани кои се во заложништво, а меѓу кои бил и новинарот Фоли.

Инаку, Пентагон планира да испрати дополнителен број на свои војници во Ирак, по барање на Стејт Департментот, главно за да ја засили безбедноста околу Багдад, објави „Асошиејтед Прес“, повикувајќи се на сопствен официјален извор, пренесува Нетпрес.

Засега е познато само дека бројот на војниците же биде околу 300, а нивна задача ќе биде помош при обезбедувањето на американските дипломатски објекти. Со тоа бројот на американските војници и воени советници во Ирак ќе достигне околу 1.150 лица, пишува „Франс Прес“.

По егзекуцијата на новинарот Фоли, командата на армијата на САД соопшти дека бробени авиони и беспилотни летала извршиле 14 воздушни напади врз цели на „Исламска држава“ во северниот дел на Ирак. Сметјаќи од 8 август, годинава, САДС извршиле вкупно 84 воздушни напади во Ирак, од кои 51 биле за поддршка на ирачките и на курдските сили, кои моментно дејствуваат заедно, за да ја зголемат својата контрола во и околу градот Мосул.