САД испраќа воен тим во Анкара

САД идната недела во Анкара ќе испрати воен тим на разговори со турските воени официјали лица за борбите против екстремистичките групи на Исламската држава, соопшти Стејт Департментот.

САД сакаат да извршат притисок врз Турција за таа дополнително да се ангажира во борбата против ИД, која ја загрозува турската граница околу стратешкиот град Кобане. Американските власти веќе разговарале со турските претставници за „итните мерки кои би требало да се преземат за да се спречи напредувањето на ИД“.

Вашинготн во Анкара испрати и официјални лица да се сретнат со турскиот премиер Ахмет Давутоглу и разговараат за „мерките чија цел е напредување на воените напори против ИД“, се наведува во соопштението на Стејт Департментот.