САД издадоа лиценци за линии на траекти кон Куба

Американското Министерство за финансии издаде одобрувања за линии за патнички траекти меѓу САД и Куба, соопшти официјален претставник од тоа министерство.

Едно од одобрувањата е за Баја фериес, која припаѓа на групата патнички и карго бродски превозници меѓу останатото, и на мексиканската западен брег.

Линиите на траекти меѓу САД и Куба беа прекинати во 60-те години од минатиот век по Кубанската револуција и доаѓаањето на Фидел Кастро на власт.

Службите што се занимаваат со превоз со траекти сега треба да добијат одобрување од кубанските власти за да почнат со работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.