САД изведоа нови воздушни напади на целите во Сирија

Меѓународната коалиција предводена од САД во текот на вечерта изведе нови воздушни напади против припадниците на екстремистичката Исламска држава во две провинции, погодувајќи ги втор ден по ред нафтените постројки кои се под нивна контрола, соопшти Сиријската опсерваторија за човекови прави.

Нападите биле извршени во источната провинција Деир Езор и провинцијата Хасакех на североистокот на Сирија, кои и двете беа мета на вчерашниот напад, пренесува АФП.

Оваа организација за заштита на човекови права со седиште во Лондон соопшти дека во провинцијата Деир Езор биле нападнати две подрачја и дека најверојатно се погодени нафтени постројки, додека се уште не се знае што е погодено во провинцијата Хасакех.

За сега нема информации за евентуални жртви при воздушните напади.а