САД извршија нов воздушен напад врз џихадисти во Ирак

Нов воздушен напад на САД врз позиции на борци од џихадистичката група „Исламска држава“ во Ирак.

Во нападот се уништени 16 воени возила на исламистите.

Централната команда на американската армија објави дека бомбардирањето е извршно врз цели во близина на најголемата брана во Ирак, во близина на Мосул.