САД извршија поинтензивни воздушни напади врз ИД

Воздушните сили на САД вчеравечер извршија воздушни напади врз позиции на екстремисти на групата „Исламска држава“ во близина на ирачкиот главен град Багдад.

Нападите претставуваат почеток на поинтензивни активности против борци на „Исламска држава“ во Ирак, објави Ен-Би-Си, повикувајќи се на извор во Пентагон.

Целта на нападите била да се биде поддршка на ирачките сили за безбедност. Друг напад врз позиции на џихадсти е извршен во близина на планината Синџар, пренесува Ен-Би-Си.

Според американските медиуми САД и досега вршеле напади врз позиции на Исламска држава во Ирак, но целта била да се спречи офанзивата на групата, додека сегашните напади имаат поинтензивен карактер и не се одговор на нападите на ИД во Ирак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.