САД ја намалуваат помошта за Палестинците за 200 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп прераспределил за други цели 200 милиони долари од помошта коишто беа наменети за Палестинците, изјавил во петокот висок претставник на Стејт департментот.

Првично, парите во 2017 година беа наменети за програми во палестинскиот енклави Западниот брег и Појасот Газа.

Администрацијата сака „да осигури дека средствата се потрошени во согласност со американските национални интереси, и сака да пружи вредност на американските даночни обврзници“, рекол неименуваниот службеник на американската дипломатија, пренесува агенцијата DPA.

Тој за очајната хуманитарна ситуација во Појасот Газа го обвини Хамас, исламистичкото движење кое целосно е на власт во оваа енклава. Израел и САД Хамас го сметаат за терористичка организација, а Израел и Египет, во различен опсег, наметнуваат поради тоа блокада на Појасот Газа.

Администрацијата на Трамп претходно годинава го предизвика гневот на Палестинците, кога го реализираше деценискиот закон за признавање на Ерусалим за израелска престолнина и започна со преселувањето на американската амбасада од Тел Авив. Палестинците сакаат источен Ерусалим, кој меѓународната заедница го смета за окупирана територија, да биде главен град на нивната идна држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.