САД ја потопија Словенија

Иако се очекуваше победа на САД, сепак можеби и премногу лесно ја совладаа селекцијата на Словенија со 119-76, со оглед на тоа дека сепак се работи за четвртфинале на СП. Со оваа победа “дрим-тимот” закажа полуфинален дуел против репрезентацијата на Литванија, која во првото четвртфиналето ја совлада Турција.

Американците, кои уште еднаш забележаа рутинска победа, го задржаа максималниот ефект на првенството. Селекцијата на Словенија успеваше да пружи каков-таков отпор во првото полувреме, во кое негативата гласеше “само” 7 поени, односно 49-42.

Сепак во вториот дел, репрезентативците на САД покажаа кој е кој, така што успеаа комплетно да ги разбијат Словенците и да забележат победа со 43 поени разлика. Најефикасен во “дрим-тимот” беше Клеј Томпсон со 20 поени, додека Харден и Фарид постигнаа по 14 поени. Кај Словенија очекувано најрасположен беше Горан Драгиќ кој постигна 13 поени, додека Лорбек уфрли 12 поени.

Полуфиналниот натпревар помеѓу САД и Литванија на програмата е в четврток со почеток од 21 часот.