САД ја повикаа Русија на нуклеарно разоружување

САД денеска на Виенската конференција за хуманитарните последици од нуклеарното вооружување ја повикаа Русија на натамошни заеднички чекори во процесот за нуклеарно разоружување, пишува МИА.

Специјалниот пратеник на САД, Адам Шајнман нагласи дека на Русија и е укажано дека постои подготвеност да се разговара за целиот спектар теми, кои се однесуваат на стратешката стабилност.

Русија и САД се обврзаа во 2011 година со спогодбата „Нов почеток“ на заедничко намалување на бројот на стратешкото нуклеарно вооружување на 1.500 парчиња. Кон таа цел земјите се приближија изминатите години и моментално САД поседуваат 1.920 употребливи боеви глави (вкупно имаат 7.300), а Русија 1.600 (вкупно 8.000).

– За напредок е потребен подготвен партнер и поволно стратешко опкружување – порача Шајнман.

Тој додаде дека мора што е можно поскоро да се преземат чекори за создавање на предвидлива безбедносна клима во светската политика.